Kübra Chohan
18 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Европската Унија ги продолжи санкциите против Русија за уште една година поради нејзините акции против Украина, соопшти Европскиот совет денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Советот во соопштението наведе дека санкциите се однесуваат на компаниите што се наоѓаат во ЕУ до 23 јуни 2019 година.
Распонот на санкциите е ограничен на територијата на Крим и Севастопол, најголемиот град на Полустровот.
Санкциите вклучуваат забрана за увоз на производи, инвестиции, туристички услуги и извоз на одредени стоки и технологии.
„Поминаа четири години од незаконската анексија на Автономната Република Крим и градот Севастопол од страна на Руската Федерација, а ЕУ повтори дека продолжува да го осудува кршењето на меѓународното право“, се наведува во соопштението.
Украина е во судири од март 2014 година, по анексијата на Крим, која беше последица на незаконското гласање за независност на Крим.
Генералното собрание на ОН, со гласање ја прогласи анексијата за илегална. Руската анексија на Крим ги наведе западните сили, вклучувајќи ги и САД, да воведат санкции против Москва.
Со Генералното собрание на ОН, САД, ЕУ и Турција не го признаваат Крим како руска територија.