Oktaj Omeragikj
19 Мај 2025•Ажурирај: 21 Мај 2025
ЊУЈОРК (АА) - Воениот оркестар „Мехтеран“, кој е дел од Министерството за национална одбрана на Турција, настапи на парадата организирана на Тајмс Сквер во Њујорк, САД, што ја следеа голем број луѓе, известува Анадолу.
Воениот оркестар „Мехтеран“, кој на 16 и 17 мај учествуваше на Парадата по повод Денот на Турција и на разни културни настани што се организираа во Њујорк, САД, имаше свој настап и на познатиот Тајмс Сквер на 18 мај (недела).
Минувачите на Тајмс Сквер со интерес го следеа настапот на воениот оркестар „Мехтеран“.