Ekipa
17 Декември 2021•Ажурирај: 19 Декември 2021
БРИСЕЛ (АА) - НАТО го договори својот цивилен и воен буџет за 2022 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Цивилниот буџет на Алијансата ќе дојде до 289,1 милион евра (170 милиони долари) следната година, покривајќи го финансирањето на цивилниот персонал, оперативните трошоци и цивилните расходи.
Сумата е за 8,9 отсто поголема од минатогодишната за поддршка на сајбер адаптацијата на НАТО.
Воениот буџет ќе биде 1,56 милијарди евра (1,77 милијарди долари), што е намалување за 3 отсто од 2021 година.
Врз основа на бруто-националниот приход на членките на НАТО, тие придонесуваат во финансирањето на трошоците кои обезбедуваат основа за заедничка безбедност.
Покрај буџетите, плафонот за безбедносната инвестициска програма на НАТО, која ги покрива главните инвестиции во градежништвото и системот за команда и контрола, е поставен на 790 милиони евра (894 милиони долари).