Atila Altuntaş
06 Мај 2022•Ажурирај: 07 Мај 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека доколку Шведска аплицира за членство во Алијансата, тие ќе обезбедат заштита додека да стане членка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи за шведскиот јавен сервис СВТ, Столтенберг дискутираше за можното членство на Шведска во НАТО.
Тој рече дека НАТО ќе го зголеми своето присуство околу границите на Шведска и Балтичкото Море додека се обработува нејзиното барање за влез во Алијансата, додавајќи дека тој верува дека тие ќе најдат решенија за безбедносните потреби кои ќе ги има Шведска во преодниот период.
Според шведскиот весник „Експресен“, Шведска и Финска ќе аплицираат за членство во НАТО во периодот 12 - 21 мај.
Русија претходно ги предупреди Шведска и Финска да не се приклучуваат во НАТО, велејќи дека потегот ќе има негативни последици за мирот и стабилноста во Северна Европа.