Ali Cura
02 Април 2019•Ажурирај: 02 Април 2019
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека е најавена средба во Москва меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, јавува Anadolu Agency (AA).
Песков информираше дека на 4 април Нетанјаху ќе пристигне во Москва во куса работна посета. „Нетанјаху на 4 април ќе дојде во Москва на куса и брза средба со Путин.“
Рускиот претседател Путин, вчера оствари телефонски разговор со израелскиот премиер Нетанјаху, во кој стана збор за моменталната ситуација на Блискиот Исток.