Gülşen Topçu
06 Јануари 2024•Ажурирај: 08 Јануари 2024
Најмалку 15 Палестинци загинаа во израелските воздушни напади во текот на ноќта во Појасот Газа, јавува палестинската новинска агенција ВАФА, пренесува Анадолу.
Израелските авиони нападнаа две куќи во Деир ал-Балах во централна Газа и населбата Ал-Манара во јужниот град Хан Јунис, се вели во веста.
Жртвите се претежно деца, а има и повредени во нападите.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпор, Хамас, на 7 октомври.
Оттогаш се убиени најмалку 22.600 Палестинци, а 57.910 повредени, според здравствените власти на Газа. Според официјалните бројки, речиси 1.200 лица загинаа во Израел.
Нападот ја остави Газа во урнатини, при што 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, а речиси 2 милиони жители се раселени поради сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.