Adam Abu-bashal
21 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
АБУЏА
За време на актуелните протести против Специјалниот тим за борба против кражба (САРС), формиран во состав на полицијата во Нигерија, речиси 200 затвореници избегаа од два затвора во Лагос откако овие објекти беа нападнати од вооружени лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Мухамед Манга, изјави дека голема вооружена група извршила упад во два затвора во Лагос, заробувајќи ги службените лица.
Манга информира дека по спроведената прозивка утврдено е дека од затворот избегале 1.993 осуденици.
Гувернерот на Лагос, Бабаџиде Санво-Олу, објави дека во државата е прогласен 24-часовен полициски час, поради тековните протести против САРС кои се претвориле во насилни акти.
- Демонстрациите се раширија низ целата земја
По убиството на тинејџер од страна на САРС пред две недели во нигериската држава Делта, познати личности и активисти на социјалните мрежи упатија повик по кој демонстрациите што започнаа во Лагос и главниот град Абуџа, се проширија низ целата земја.
Вчера по упадот на демонстрантите во затворот во државата Едо, избегале околу 200 осуденици.
За време на протестите што продолжуваат да се одржуваат низ земјата, вчера во раните утрински часови, додека војската беше распоредувана во различни региони, беше воведен полициски час во федералните држави како што се Едо и Осун.
Според „Амнести интернешнл“ (Amnesty International), од минатата недела досега во протестите што се спроведуваат во различни држави на земјата, животот го загубија најмалку 15 лица, а стотици се повредени.