Fırat Taşdemir
28 Јуни 2023•Ажурирај: 30 Јуни 2023
МЕКА (АА) - Околу 2,5 милиони муслимани, кои во моментов престојуваат на светите места во Саудиска Арабија по повод аџилакот, ги завршија своите обреди и официјално станаа аџии, јавува Анадолу.
По престојот на брдото Арафат, еден од трите фарзи или трите основни обреди на аџилакот, верниците вчера по зајдисонце се упатија кон долината Музделифа каде што останаа до зори на првиот ден од Бајрам.
Таму собираа камчиња, а потоа заминаа кон Мина, каде на три места наречени џемрет го извршија обредот „фрлање камчиња“. „Фрлањето камчиња“ симболично значи борба против ѓаволот. Муслиманите на тој начин ги завршија обредите на аџилакот и станаа аџии.
Потоа отидоа до Каба каде го извршија тавафот, обред на аџилакот што се состои од кружење околу Каба. За време на аџилакот, муслиманите кои одлучија да ја извршат оваа петта исламска должност ја обиколуваат Каба седум пати во насока спротивна од стрелките на часовникот.