Ekipa
10 Септември 2019•Ажурирај: 11 Септември 2019
МОГАДИШУ (АА) - Во Сомалија, во периодот од јануари до јули оваа година се раселени над четвртина милион луѓе, како последица на сушата и судирите во таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Најмногу од раселувањата како последица на судирите се регистрирани во регионот Долен Шабеле, каде што вооружените операции од страна на сомалиските безбедносни сили поддржани од меѓународните партнери против групата Ал Шабаб продолжија во април 2019 година“, се вели од Мрежата за надзор и заштита при враќање, проект спроведен и предводен од Агенцијата за бегалци на ОН во партнерство со норвешкиот Совет за бегалци.
„Над четвртина милион Сомалијци се раселени во периодот од јануари до јули оваа година, како последица на суша и конфликт“, се вели во соопштението на Канцеларијата за координација на хуманитарните работи на ОН во Сомалија, објавено на социјалната мрежа Твитер.
„Повеќе од 10.000 лица се раселени како последица на суша оваа година. Ова е 50 отсто помалку од евидентираната бројка во текот на истиот период минатата година. Сепак, забележан е пораст во јули со 28.000 лица новораселени - пораст од 57 отсто во споредба со јуни“, се вели во соопштението.
„Вооружениот конфликт и немањето безбедност, исто така принудија 126.000 лица да ги напуштат своите домови од месец јули“, додаде тој.