Bayram Altuğ
04 Март 2022•Ажурирај: 06 Март 2022
ЖЕНЕВА
Обединетите нации (ОН) објавија дека повеќе од 1,2 милиони Украинци ги напуштиле своите домови и пребегале во соседните земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) соопшти дека од 24 февруари до 3 март, 1.209.976 Украинци пребегале во соседните земји, од кои повеќе од половина заминале во Полска.
„Во Унгарија пребегаа 144.738 бегалци од Украина, во Молдавија ‒ 103.254, во Словачка ‒ 90.329, во Романија ‒ 57.192, во Русија ‒ 53.300, во Белорусија и во други европски земји ‒ 384.000“, се наведува во соопштението.
Покрај овие податоци, забележано е дека од 18 до 23 февруари, 96.000 луѓе преминале во Русија од регионите Доњецк и Луганск.
УНХЦР предупреди дека доколку ситуацијата во Украина продолжи да ескалира, до 4 милиони цивили би можеле да ја напуштат земјата.