Safiye Karabacak
05 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
МОСУЛ (АА) - Обединетите нации (ОН) ги повикаа ирачките сили поради големиот број цивилни жртви да направат безбедносен коридор, како излез од ирачкиот град Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарните работи (OCHA), наведоа дека градот е во близина на линијата на судирите и дека цивилите од источното подрачје се во голема опасност.
Поради ракетните напади и судирите, од ден на ден се зголемува бројот на цивилни жртви. Од OCHA истакнаа дека околу милион жители кои се наоѓаат на подрачја во близина на позициите на припадниците на терористичката организација ДЕАШ потребна им е хуманитаршна помош.
„Почна да снемува храна и вода за жителите во Мосул”, нагласија во соопштението.
Ијад Рафид од Црвената полумесечина на Ирак за АА изјави дека жителите на Мосул, во кој траат судирите, се одлучуваат за напуштање на своите домови поради недоволната помош која им се дава.
Според него, само источните, северните и јужните делови на Мосул во последните четири дена ги напуштиле 5.400 цивили. Засолниште пронашле во камповите Хазир, Хасан Шам и Ел Џед.
Од друга страна, помошникот на ирачкото Министерство за миграции и мигранти Касим ел-Атије потврди дека околу 7.000 лица се вратиле во своите куќи откако се ослободени од ДЕАШ.
Според податоците, во кампот Хазир се наоѓаат 8.000 цивили, а во Хасан Шам 24.000. ОН неодамна предупреди дека поради судирите во Мосул, од 1,5 милион жители своите домови можно е да ги напуштат околу милион.
Ирачките сили на 17. октомври започнаа акција за ослободување на Мосул, а оттогаш во источниот дел на градот доаѓа до чести судири со терористите на ДЕАШ.