Selçuk Acar
05 Ноември 2016•Ажурирај: 06 Ноември 2016
ЊУЈОРК (АА) – Двјаца полицајци во Њујорк влегле во оружен судир со сомнителни крадци, при што едниот од нив го загубил животот, а другиот е повреден, јавува Anadolu Agency (AA).
Во областа Бронкс избувна оружен судир помеѓу сомнителни крадци за кои се тврди дека поседувале тешко оружје и полицајци.
Во судирот беа повредени помошник командирот Паул Туозоло (41) и полицаецот Емануел Квовас (30).
Повредените беа пренесени во Медицинскиот Центар Јакоби, каде што и покрај напорите од страна на докторите да го спасат, животот го загуби Туозоло, кој беше погоден во главата и во градите, додека пак животот на Квовас не е во опасност.
Се дознава дека, Паул Туозоло има 19 годишна кариера, дека бил женет и и татко на две деца.
Мануел Розалес, едниот од сомнителните крадци бил усмртен на лице место од страна на другите полицајци.
- „Загубивме многу добар човек“
Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио и началникот на полицијата Џејмс Онил, по настанот одржаа прес конференција во медицинскиот центар, каде што беа пренесени повредените полицајци.
Бласио рече дека, градот и Њујоршкиот полициски оддел загубија многу добар човек и изрази жалење поради загубата.
„Загубивме многу добар човек, кој си го дал животот за да не заштити нас“, истакна тој.