Ekip
12 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
АНКАРА
Обединетите нации (ОН) ја откажа 43. седница на Советот за човекови права поради заканата од новиот тип на коронавирусот Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Се откажуваат состаноци и натпревари низ светот.
Шпанската фудбалска федерација донесе одлука да бидат одложени натпреварите во Прва и Втора лига од Шпанското фудбалско првенство. Од таа причина, клубот Реал Мадрид во карантин ги стави сите играчи од фудбалскиот и кошаркарскиот тим. Пред два дена Шпанската фудбалска федерација имаше одлучено натпреварите од Прва и Втора лига да се играат без публика, а беа одложени натпреварите во подолните лиги.
Слична одлука донесе и Европската кошаркарска федерација, која привремено ги откажа натпреварите во ТХЈ Евролигата и УЛЕБ Кошаркарскиот куп.
Во исто време и Светската кошаркарска асоцијација (ФИБА) ги откажа натпреварите поради заканата од коронавирусот Ковид-19. ФИФА потенцира дека тоа е направено со цел да се заштити здравјето на кошаркарите, тренерите, судиите, официјалните лица, обезбедувањето и публиката.
Синоќа и претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека во наредните 30 дена се откажани сите летови од Европа кон САД. Трамп рече дека тоа е привремена одлука, донесена како превентивна мерка против распространувањето на Ковид-19 во САД, соопштувајќи дека од оваа одлука е исклучена Велика Британија.
Овие ограничувања нема да влијаат врз трговијата и карго-летовите.
Откако претседателот Трамп ја објави веста за запирање на летовите од Европа кон САД, Министерството за внатрешна безбедност на САД издаде писмено соопштение во кое се наведува дека претседателот на САД потпишал указ со кој се суспендира влезот во САД за лицата од некои европски земји и за поголемиот дел од странските државјани кои пристигнале во САД во последните 14 дена.
Откажани се визите за лицата од Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Летонија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија и Шведска.
Откако кај еден кошаркар на екипа од Американската национална лига (НБА) е детектиран новиот тип на коронавирус, на неопределено време се откажани натпреварите во НБА.
Во писменото соопштение објавено од страна на НБА се вели дека кај еден играч на Јута Џез е откриен вирусот Ковид-19, по што е донесена одлука на неопределено време да бидат откажани сите наптревари во НБА.
Откако синоќа вирусот е детектиран кај еден од играчите на Јута Џез пред натпреварот со Оклахома Сити Тандер, одложени се сите натпревари во американската кошаркарска лига. Се истакнува дека кошаркарот кај кого е детектиран вирусот Ковид-19 не се наоѓал на теренот пред одигрувањето на натпреварот.
Вонредна состојба е прогласена во американскиот град Вашингтон, а градоначалникот на градот информира дека причина за вонредната состојба е растот на заболени од новиот тип на коронавирусот.
Премиерот на Италија, Џузепе Конте, соопшти дека од денеска во земјата се запрени сите трговски активности, освен јавните услуги.
Во исто време треба да се истакне дека Светската здравствеан организација прогласи пандемија на глобално ниво поради експанзијата на новиот тип на коронавирусот Ковид-19. Челникот на здравствената агенција на ОН, Тедрос Аданом Гебрејесус, информира дека одлуката е донесена бидејќи во текот на последните две недели, бројот на заразени од Ковид-19 во земјите надвор од Кина се зголемил за 13 пати, а тројно е зголемен бројот на земји кај кои е детектиран вирусот.