Cihan Demirci
12 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
ЕДРЕНЕ (АА) – Жените и децата мигранти кои чекаат на границата во турската област Едрене одржаа протест со барање Грција да ги отвори границите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мигрантите кои чекаат во тампон-зоната меѓу граничните премини Пазаркуле и Кастаниес и пошумената област близу нив, со транспарент на кој беше напишано „Отворете ги вратите!“, тргнаа кон граничниот премин Кастаниес.
Жените и децата кои стигнаа до барикадата од бодликава жица на грчките безбедносни сили извикуваа „Грција, отвори ја вратата!“ и „Помогнете ни“.
Иранската државјанка Севда Нарузи во изјава за АА рече дека Грција фрлала со солзавци кон мигрантите што сакаат да ја преминат границата.
„Тука имаше загинат и голем број повредени. Брат ми, моите пријатели беа повредени. Европската Унија нека го слушне нашиот глас. Сакам да одам во Велика Британија“, нагласи Севда Нарузи.
Неџла Амени, државјанка на Авганистан, рече дека сака да замине во Европа за да живее во подобри услови.
Истакнувајќи дека Грција не го дозволува тоа, Амени порача: „Образованието сакам да го завршам во Франција. Тоа е наше право. Грција не може да нѐ третира вака.“