Hamdi Yıldız
14 Јуни 2021•Ажурирај: 15 Јуни 2021
РАМАЛА
Министерството за надворешни работи на Палестина соопшти дека новата Влада на Нафтали Бенет, дефинирана како „Влада на промени“ во Израел, нема биде различна од старите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава, палестинското Министерство за надворешни работи постави низа прашања до новата Влада на Израел.
Во изјавата се посочува дека описот на Владата на Бенет како „влада на промени“ не е точен, освен во делот на „заминувањето на Нетанјаху“ од премиерската функција.
„Новата Влада нема да се разликува од старата“, се нагласува во писменото соопштение.
„Каков е ставот на администрацијата на Бенет во врска со окупаторските населби и анексијата на Западниот Брег? Каков е нејзиниот став кон Ерусалим и историската и правната состојба во врска со тоа? Каков е нејзиниот став кон потпишаните договори? Каков ќе биде неговиот став кон одлуките донесени од меѓународниот легитимитет? Каков е неговиот став кон решението со две држави и мировните преговори?“, се прашањата што се поставени во писмената изјава.
Мислењето на Палестина во врска со новата Влада ќе зависи од ставот што ќе го донесе во овие ситуации и од тоа што ќе преземе во врска со овие прашања во наредните денови.
- Ерата на Нетанјаху заврши
Коалициската Влада формирана под раководство на Јаир Лапид, лидерот на „Има иднина“, и Нафтали Бенет, лидерот на „Јамина“, синоќа ја доби довербата на парламентарното гласање.
Откако беше изгласана Владата на коалицијата Лапид - Бенет, Нетанјаху ја загуби премиерската функција на која беше 12 години без прекин.