Emel Öz Gözellik
28 Декември 2018•Ажурирај: 29 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Во Перу патнички автобус падна во река. Во несреќата животот го загубија 10 лица, а 30 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во перуанските медиуми, претставник на полицијата информирал дека патнички автобус со 55 патници, кој се движел кон градот Касапалка, паднал во реката покрај патот. Тој соопштил дека во несреќата животот го загубиле 10 лица, а 30 лица се повредени.
Повредените се префрлени во локалните болници.
Преживеаните патници коишто поминале без повреди изјавија дека до несреќата дошло бидејќи возачот на автобусот заспал зад воланот.