Selen Temizer,Halit Süleyman
09 Декември 2016•Ажурирај: 09 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку 25 лица загинаа кога воените авиони на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад на група бомбардираа цивили кои се обидувале да го напуштат Алепо. Со тоа, бројот на загинатите во последните 24 дена е зголемен на 960 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако Русија соопшти дека режимот на Асад ги прекинал бомбардирањата во Алепо заради евакуација на цивилите, уништувањето во сирискиот град продолжува.
„Група цивили беа цел на режимот на Асад при обидот да го напуштат градот. Во тој напад загинаа најмалку 25 лица“, вели за АА Неџиб Енсари, од цивилната одбрана на Алепо.
Енсари исто така изјави дека во квартот Јалум, од под урнатините се спасени 10 цивили, и дека во последните 24 дена загинале најмалку 960 лица.
Силите на сирискиот режим и неговите сојузници од 15 ноември извршуваат непрекинати напади над источните делови на Алепо. Некогашниот економски и културен центар на Сирија и втор по големина сириски град, стана средиште на настраотните настани и страдања на луѓето во таа земја.
Стотици илјади лица во источниот дел на Алепо подолго од три месеци не можат да ги задоволат основните животни потреби. Во последните три недели, поради режимските напади престанаа да работат сите болници, медицински центри, пекарници и училишта.
Западниот дел на градот го контролира режимот, а источниот опозицијата.