Ekip
09 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
АТИНА (АА) - Италијанските поморски сили денес спасија речиси 70 бегалци и мигранти од грчките води, откако 200 од нив пристигнаа на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Силите на Фронтекс пронајдоа 66 лица заглавени на островче од архипелагот Паспаргос, во близина на Хиос, на седум километри оддалеченост од турскиот брег.
Нивниот брод влегол во водите на Грција, каде што бил забележан од екипажот на бродот на Фронтекс. Патниците се пренесени на пристаништето на Хиос.
Претходно денес, грчките власти известија дека околу 200 бегалци и мигранти стигнале на бреговите на источниот егејски остров Лезбос. Според локалните медиуми, повеќето патници биле од Африка.
Грција бележи зголемен број на бегалци и мигранти кои пристигнаа во текот на изминатата година, а илјадници луѓе имаат се обидоа да ги преминат по опасните патишта преку Егејското и Средоземното Море пред да заминат за северна и западна Европа.
Според меѓународната организација за миграции (ИОМ), над 351.000 мигранти или бегалци минаа низ Грција и Италија од почетокот на 2016 година, во споредба со минатата година, кога бројот изнесуваше 883.393.
„Од почетокот на 2016 година, вкупниот број мигранти и бегалци жртви во Медитеранот изнесува 4.715“, се додава во соопштението (1.148 жртви повеќе од 2015 година).