Esat Fırat
26 Јуни 2024•Ажурирај: 27 Јуни 2024
АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Пожар избувна во близина на воената база Офрит на израелската Армија во окупираниот Источен Ал-Кудс (Ерусалим), јавува Анадолу.
„Голем пожар избувна во близина на воената база Офрит на планината Скопус (Џабал ал Мешариф). Противпожарните екипи работат на гаснење на пожарот“, објави радиото на израелската Армија.
Во тек е истрага дали пожарот е подметнат.
Управата за пожари и спасување во Ал-Кудс соопшти дека интервенирале во пожарот околу планината Скопус, каде што се наоѓаат Хебрејскиот универзитет и воената база Офрит.
Наведоа дека на терен се 12 противпожарни единици.
Во соопштението на израелската полиција е нагласено дека нема опасност за луѓето кои живеат во областа, воената база и универзитетските згради.