Ekip
03 Октомври 2022•Ажурирај: 06 Октомври 2022
ЊУ ДЕЛХИ - Најмалку 5 лица загинаа, од кои 3 деца, а повеќе од 60 се повредени во пожар што избувна вчера во индиската држава Утар Прадеш сместена во северниот дел од земјата за време на хиндуистички фестивал, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според наводите на власта, пожар избувнал во шатор за време на хиндуистички фестивал во подрачјето на Бхадохи, на кој присуствувале голем број луѓе.
Локалната власт објави дека во несреќата животот го загубиле 5 лица, а повеќе до 60 се хоспитализирани поради изгореници.
Гауранг Рати, окружен судија, за Агенција Анадолија изјави дека несреќата се случила за време на хиндуистичкиот фестивал Наваратни.
„Полицијата покрена постапка против организаторите“, соопшти Рати.
Локалните официјални лица тврдат дека пожарот е предизвикан од халогена сијалица која се прегреала.