Ali Cura
02 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
КИЕВ (АА) - Во украинскиот град Запорoжје избувна пожар во хостел. Во пожарот животот го загубија 5 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Управата за вонредни состојби на Украина информираше дека синоќа, во центарот на градот Запорожје избувнал пожар во еден хостел. Четири лица починале во опожарениот објект, додека едно лице со потешки повреди починало во болницата во која било пренесено.
Во соопштението се наведува дека од пожарот се спасени 5 лица. Во тек е истрагата за откривање на причините за избувнувањето на пожарот.