Dmitri Chirciu
17 Август 2019•Ажурирај: 19 Август 2019
КИЕВ (АА) - Осум лица загинаа во пожарот кој избувна во еден хотел во украинскиот град Одеса, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Државната служба за итни состојби на Украина, пожар избувна во хотелот „Tokio Star“ во градот Одеса.
Се вели дека во несреќата смртно настрадале 8 лица, додека 10 лица биле повредени.
Исто така, се нагласува дека сѐ уште не се знае причината на пожарот, кој веќе е ставен под контрола.