Elena Trenchevska Chekovic
01 Јануари 2026•Ажурирај: 02 Јануари 2026
АМСТЕРДАМ (AA) – Пожар во текот на новогодишната ноќ ја зафати историската црква Вонделкерк во Амстердам, Холандија, јавува Анадолу.
Пламените јазици кои ја зафатија црквата стара 154 години предизвикаа евакуација на десетици околни домови.
Според соопштението од Општина Амстердам, пожарот започнал околу 1:30 часот.
Портпаролот на службите за итни случаи потврди дека објектот не може да се спаси, нагласувајќи дека целата црква може да се сруши во секој момент.
Причините за пожарот не се веднаш утврдени. Нема пријавени повредени.