Ekipa
10 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
АТИНА (AA) - Грчките власти соопштија дека во пукање кое рано утрово се случи пред канцеларијата на Панхеленското социјалистичко движење во центарот на Атина е ранет полицаец, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полициски службеник е ранет кога оружен напаѓач отворил оган на полициски автобус пред кабинетот на спомнатата политичка партија, во подрачјето на Атина каде анархистичките групи често доаѓаат во судир со полицијата и изведуваат напади на симболите на власта.
Полицијата соопшти дека нивниот службеник е надвор од животна опасност но не прецизирале во каква состојба е.
Сеуште никој не презеде одговорност за нападот, кој се случи неколку дена по апсењето на водечката членка на грчката екстремно левичарска група Револуционерна борба, која повеќе од четири години помина во бегство откако и се судеше за тероризам.