Ekipa
21 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
БРИСЕЛ (АА) - Белгиската полиција неутрализира машко лице со елек полн со експлозив забележан во центарот на Брисел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Белгиската новинска агенција BELGA ја пренесе изјавата на федералниот обвинител Ерик ван дер Сипт дека инцидентот се случил доцна синоќа на главната железничка станица во Брисел, и дека полицијата го третира инцидентот како терористички напад.
Локалните медиуми јавуваат дека за време на инцидентот на станицата одекнала мала експлозија.
„Нема други жртви. Напаѓачот е мртов“, потврди обвинителот Сипт.
Белгиската полиција и војската со брза акција ги блокираа приодите кон железничката станица.
Зајакнати безбедносни мерки преземени се и во делот на Брисел каде што се наоѓа туристичката атракција Гранд Палас.
Во март минатата година во терористички напад на аеродромот и метро-станицата во Брисел загинаа најмалку 34 лица, оттогаш, ризикот од тероризам во земјата е подигнат на трето ниво, и во сила се зголемени мерки за безбедност.