Mehmet Yılmaz,Aşkın Kıyağan
10 Ноември 2021•Ажурирај: 10 Ноември 2021
ВАРШАВА
Полскиот премиер Матеуш Моравиецки истакна дека белорускиот претседател Александар Лукашенко во врска со бегалската криза ги следи инструкциите на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Моравиецки на вонредната седница на полскиот Парламент (Сејм) ја обвини Русија за бегалската криза на полско-белоруската граница.
Премиерот Моравиецки истакна дека за првпат по 30 години безбедноста и границите на неговата земја се нападнати толку жестоко.
Наведувајќи дека Русија води императорска политика, Моравиецки рече: „Белорускиот претседател Александар Лукашенко во врска со бегалската криза ги следи инструкциите на рускиот претседател Владимир Путин.“
Полскиот министер за внатрешни работи, Мариуш Камински, наведе дека моментално на границата меѓу Белорусија и Полска има 2 - 4 илјади бегалци.
Нагласувајќи дека Полска нема да биде бегалска рута, Камински рече: „Русија предизвикува бегалска криза со цел да ја дестабилизира Источна и Централна Европа, и во целост Европската Унија (ЕУ). Политичката цел на Лукашенко е да ја принуди ЕУ да ја признае нејзината моќ и да ги укине санкциите.“
Од друга страна, полската новинска агенција (PAP) соопшти дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ќе ја посети Полска и ќе се сретне со премиерот Моравиецки за прашањето за бегалската криза.
- Белорусија изјави дека нема да задржува бегалци
Во својот говор на 6 јули, Лукашенко, потсетувајќи на процесот за суспендирање на Договорот за реадмисија со ЕУ, рече дека по ставовите на Западот кон Русија и Белорусија, тие веќе не можат самите да ги преземат луѓето што бегаат од војните.
Нагласувајќи дека нема да ги задржат бегалците што доаѓаат во Белорусија за да одат во Европа, Лукашенко додаде: „Оние кои мислат дека ќе ги затвориме границите со Полска, Литванија, Латвија, Украина и ќе станеме „населено место“ за бегалците од Авганистан, Иран, Ирак, Либија, Сирија и Тунис, грешат. Ние нема да задржиме никого. Тие не доаѓаат кај нас, тие одат во просветлена, топла, удобна Европа.“
ЕУ ја обвинува белоруската администрација дека „ја користи нерегуларната миграција како алатка и дека се обидува на овој начин да ја дестабилизира Унијата“, со испраќање мигранти од земји како што е Ирак до границите на земјите на ЕУ, Полска, Литванија и Латвија.