Jeyhun Aliyev
18 Јули 2022•Ажурирај: 19 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија, во услови на санкции кон земјата, нема да се откаже од својот развој и нема да се врати на состојбата пред неколку децении како што предвидуваат, како што рече, недобронамерниците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседавајќи со состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти преку видеолинк, Путин, исто така, вети дека ќе ги победи колосалните високотехнолошки проблеми предизвикани од западните санкции.
Тој нагласи дека Русија денес се соочува со „речиси целосно затворање на пристапот до странски високотехнолошки производи“, истакнувајќи дека ограничувањата се направени намерно.
Путин нагласи и дека тие технологии се основа за прогресивен развој на секоја земја во современиот свет.
„Токму тука се обидуваат да ни постават пречки за да го ограничат развојот на Русија“, додаде тој.