Ruslan Rehimov
18 Јули 2022•Ажурирај: 19 Јули 2022
БАКУ (АА) - Потпишан е Меморандум за разбирање за стратешко партнерство меѓу Азербејџан и Европската Унија (ЕУ) во областа на енергетиката, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, во Азербејџан се сретна со претседателот Илхам Алиев.
По средбата, Алиев и Фон дер Лајен потпишаа Меморандум за разбирање за стратешко партнерство, кој предвидува испорака на повеќе азербејџански гас во Европа.
„ЕУ се насочува кон сигурни снабдувачи на енергија. Азербејџан е еден од нив. Со денешниот договор, ние сме посветени на проширување на Јужниот гасен коридор со удвојување на испораките на гас од Азербејџан во ЕУ. Ова е добра вест за нашето снабдување со гас оваа зима и за понатаму“, напиша Фон дер Лајен на својот профил на Твитер.