Ali Cura
07 Октомври 2019•Ажурирај: 09 Октомври 2019
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, во врска со можната операција на Турција во северниот дел на Сирија, истакна дека ги знаат и прифаќаат чекорите на Турција во насока на осигурување на својата безбедност, јавува Anadolu Agency (AA).
Песков одговараше на новинарски прашања во врска со планот на Турција за реализирање воена операција во Сирија.
Тој нагласи дека Кремљ ја знае посветеноста на Турција кон предусловот за територијалниот и политичкиот интегритет на Сирија.
„Територијалниот интергритет на Сирија е почетната точка што се однесува до решавањето на сириската криза, како и другите проблеми. Се надеваме дека нашите турски колеги пред сè во секоја ситуација ќе бидат посветени на овој предуслов“, додаде тој.
Песков нагласи дека Русија знае оти Турција ја реализира операцијата во Сирија за своја безбедност.
„Ги знаеме и прифаќаме чекорите на Турција во насока на осигурување на својата безбедност. Ќе им се спротивставуваме на терористичките елементи кои би можеле да се засолнат на територијата на Сирија. Повторувам: Пред сè треба да се почитува територијалниот и политичкиот интегритет на Сирија.“