Elena Teslova
30 Декември 2020•Ажурирај: 01 Јануари 2021
МОСКВА (АА) - Рускиот истражен комитет денеска отвори кривична постапка против рускиот опозициски политичар Алексеј Навални за наводна проневера на донации, пренесува Агенција (АА).
Во соопштението Комитетот вели дека истражителите собрале доволно докази за започнување на истрага за измама од големи размери.
Комитетот соопшти дека Навални и неговите приврзаници собрале над 588 милиони рубљи (околу 8 милиони долари) за непрофитни организации и потоа наводно украле 356 милиони рубљи (4,8 милиони долари) од износот и ги потрошиле за лични потреби.
„Тој [Навални] се стекна со имот, материјални средства и го плати својот одмор во странство [со овие пари], меѓу останатото. Средствата собрани од граѓаните за потребите на непрофитните организации се украдени“, се вели во соопштението.
Навални веќе многу години е во конфликт со властите на земјата.
Тој ги обвинува руските официјални лица дека ја злоупотребуваат својата позиција и трошат буџетски пари за свои потреби.
Тој исто така тврди дека Руската федерална служба за безбедност стои зад неговото труење оваа година.