Elena Teslova
30 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
МОСКВА
Русија ја прошири листата на државјани на Обединетото Кралство за кои ќе биде забранет влез во оваа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Нотата ѝ е предадена на амбасадорката на Обединетото Кралство во Москва, Деборахи Бронерт“, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија на официјалната интернет-страница.
Министерството за надворешни работи на Русија конкретно не го наведе бројот на луѓето кои се најдоа на црната листа, но кажано е дека листата вклучува луѓе кои се вмешани во ескалацијата на активностите на антируските санкции.
Во октомври Обединетото Кралство воведе санкции за руските државјани, кои наводно се вмешани во инцидентот со труење на рускиот опозиционер Алексеј Навални.
Во август Навални (44) наводно е отруен со нервен агенс „новичок“. Според новинарската истрага, зад овој случај стои руската Федерална безбедносна служба.
Европската Унија и уште неколку земји воведоа црни листи на луѓе вмешани во случајот со Навални.