Elena Teslova
12 Април 2023•Ажурирај: 13 Април 2023
МОСКВА (АА) – Русија вчера „успешно“ лансираше интерконтинентална балистичка ракета, соопшти денес руското Министерство за одбрана, пренесува Анадолу.
Ракетата е лансирана од полигонот „Капустин Јар“ во јужниот руски регион Астрахан, се вели во соопштението на Министерството.
„Целта на лансирањето беше да се тестира напредната борбена опременост на интерконтиненталните балистички ракети. Ова лансирање ја потврди исправноста на дизајнот и техничките решенија користени во развојот на нови стратешки ракетни системи“, се додава.
Според Министерството, проектилот ја погодил целта на полигонот Сари-Шаган во Казахстан.