Ali Cura
25 Април 2022•Ажурирај: 25 Април 2022
МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Русија соопшти дека нема пречки цивилите да ја напуштат металуршката фабрика Азовстал во Мариупол, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на Националниот контролен центар на руското Министерство за одбрана, Михаил Мизинцев, во писменото соопштение истакна дека коридорот што претходно беше отворен за евакуација на цивилите од Азовстал е отворен од 21 март.
Посочувајќи дека руската војска донела еднострана одлука за привремен прекин на огнот во овој регион од денеска во 14 часот по локално време, Мизинцев истакна дека војниците се повлекле на побезбедно растојание и дека се исполнети условите цивилите да си заминат таму каде што ќе посакаат.
„Руската Федерација јавно изјавува дека нема пречки за излез на цивилите од Азовстал“, нагласи тој.
Мизинцев рече дека секој половина час преку радио ги повикуваат украинските војници да ги ослободат цивилите да си заминат, доколку ги има кај нив, и дека оваа информација била пренесена и до администрацијата во Киев.