Burç Eruygur
06 Март 2023•Ажурирај: 07 Март 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Русија соопшти дека спровела вежби за противвоздушна одбрана на Курилските Острови во областа Сахалин, пренесува Анадолу.
„За време на обуката беа извршени истрели на проектили против воздушни цели. Според резултатите од обуката, системите за противвоздушна одбрана С-300В4 успешно уништиле 100 отсто од целите при влегувањето во погодената област“, соопшти Источниот воен округ, како што беше цитирано од руската новинска агенција Интерфакс.
Русија има територијален спор за Курилските Острови со Јапонија, со која нема потпишано мировен договор од Втората светска војна.
На конференцијата во Јалта во 1945 година, Советскиот Сојуз се согласи да започне воени операции на источниот фронт според договорот со своите западни сојузници, а во замена, доби некои јапонски територии, вклучително и Курилските Острови.
Меѓутоа, по војната, Јапонија го отфрли суверенитетот на Советскиот Сојуз над островите.
Поради спорот, Русија и Јапонија никогаш не потпишале мировен договор и технички сѐ уште се во војна. Бидејќи двете страни претендираат на териториите, прашањето за суверенитетот на Курилиските Острови станува неизвесно.