Dmitri Chirciu
01 Јуни 2023•Ажурирај: 03 Јуни 2023
МОСКВА (АА)
Гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, соопшти дека украинската Армија го нападнала регионот со повеќецевен ракетен систем, пренесува Анадолу.
Гладков на својот профил на социјалната мрежа Телеграм објави текст во врска со ситуацијата во регионот Белгород, кој се наоѓа во близина на украинската граница.
„Ноќта беше тензично во градот Шебекино. Украинските вооружени сили го погодија центарот на градот и неговата околина со повеќецевен ракетен систем ‘Град’. Во нападот се повредени 5 лица“, истакна Гладков.
Информирајќи дека како резултат на нападот биле оштетени некои административни структури и згради во градот, Гладков рече дека продолжува процесот на евакуација на цивилите од градот.
- Напади на регионот Белгород
Одвреме-навреме се вршат артилериски напади и напади со беспилотни летала врз рускиот регион Белгород.
Вјачеслав Гладков вчера соопшти дека едно лице загинало во нападот на украинската Армија на регионот.
Минатата недела беше објавено дека во регионот влегла диверзантска група поврзана со украинската Армија, по што била спроведена операција против оваа група.
Поради нападите, во регионот е формиран привремен центар за евакуација.