Selen Temizer
01 Јуни 2023•Ажурирај: 02 Јуни 2023
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека со завршувањето на претседателските и парламентарните избори во Туркије сака повторно да го започне дијалогот со Туркије за членството на Шведска во НАТО-алијансата, јавува Анадолу.
Столтенберг даде изјава за медиумите на крајот од неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло, Норвешка.
Запрашан за членството на Шведска во НАТО, Столтенберг истакна дека откако е одлучено да се покани Шведска за членство, тој е во близок и континуиран контакт со политичките лидери во Анкара.
„Во Туркије имаше изборен период, контактите не беа многу блиски и интензивни за време на овој процес, но сега кога изборите завршија, мислам дека е важно повторно да започне дијалогот и процесот“, рече Столтенберг.
Тој нагласи дека Туркије го поддржува членството на Шведска и дека Унгарија претходно се обврзала на овој план и затоа верува дека двете земји ќе го одобрат членството на Шведска.