Sümeyye Dilara Dinçer
27 Август 2022•Ажурирај: 29 Август 2022
АНКАРА (АА) - Русија ќе гради два нови нуклеарни реактори во Унгарија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според наводите на „Би-би-си“ (BBC), унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, објави дека Агенцијата за атомска енергија на Русија (ROSATOM) во наредните недели ќе започне со изградба на два нови нуклеарни реактори во Унгарија.
„Нека започне изградбата“, напиша Сијарто на Фејсбук и додаде дека станува збор за важен чекор.
Напоменувајќи дека на тој начин долгорочно ќе се гарантира енергетската безбедност на Унгарија, Сијарто рече дека со тоа ќе се спречат осцилациите во цените на енергенсите.
Сијарто додаде дека реакторите ќе бидат подготвени за работа до 2030 година.