Dmitri Chirciu
27 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
МОСКВА
Руското Министертво за одбрана соопшти дека во согласност со договорот постигнат во Сочи меѓу Турција и Русија, со цел патролирање во безбедносната зона, засилување од десетици блиндирани возила пристигнале во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на руското Министерство се вели дека во рамките на постигнатиот договор во Сочи меѓу Турција и Русија, засилување од десетици блиндирани возила пристигнале во воздухопловната база Химејмим во Сирија.
Возилата се наменети за руската воена полиција која треба да помогне во извлекувањето на елементите на терористичката организација ЈПГ/ПКК и нејзиното оружје во длабочина од 30 километри од турско-сириската граница.
Министерството за одбрана на Русија претходно информираше дека 300 руски војници, припадници на воената полиција, пристигнале на турско-сириската граница.