Esra Kaymak
22 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, вчера имаше телефонски разговор со премиерот на Ирак, Хајдар ал-Ибади, со цел да ја потврди поддршката на САД за борбата против ДАЕШ, се вели во соопштението од Белата куќа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Претседателот ја потврди поддршката на САД кон ирачките безбедносни сили, нагласувајќи дека со продолжување на кампањата за борба против ДАЕШ, САД и меѓународната коалиција ќе продолжи да игра клучна улога во тренирањето, советувањето и помагањето на ирачките сили”, се вели во соопштението на Белата куќа.
Изразувајќи му сочувство на Ибади поради неодамнешните напади во Багдад, Обама се согласи дека многу е важно меѓународната заедница да даде поддршка на економското опоравување на Ирак, кој непрестано се бори против ДАЕШ.
И двајцата лидери се согласија дека од „клучна важност” е подобрувањето на безбедносната состојба во Багдад и неговите високо-безбедносни зони.
Тие ја потенцираа важноста од континуираниот дијалог меѓу страните во Ирак со цел ирачкиот народ да ги изрази своите аспирации преку демократските институции.