Şerife Çetin
10 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) и Норвешка донесоа одлука за свикување вонреден состанок на меѓународната донаторска група за Палестина - Ад хок комитетот за врски (AHLC), јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, соопштено е дека домаќин на состанокот кој на министерско ниво ќе биде одржан во Брисел на 31 јануари е ЕУ, а со него ќе претседава Норвешка.
Одлуката за свикување на вонредната седница ја донесоа Могерини и министерот за надворешни работи на Норвешка, Ериксен Сореиде.
Истакнато е дека на состанокот ќе се разговара за мерките кои би го забрзале дводржавното решение.
Се наведува и дека е неопходно, во согласнсот со договорот од Каиро постигнат на 12 октомври 2017 година, да им се овозможи на палестинските власти да воспостават целосна контрола врз Газа.
Ад хок комитетот за врски (AHLC) е основан во 1993 година и се состои од 15 членови, а задолжен е за координација на помошта за палестинскиот народ.
Меѓу спонзорите на Комитетот се ЕУ, САД, ОН, Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).