Mohammad Farid Mahmoud Abdullah,Ali Semerci
03 Јануари 2021•Ажурирај: 05 Јануари 2021
РИЈАД
Саудиска Арабија повторно ги отвори граничните премини кои ги затвори со цел спречување на ширењето на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од денес повторно се отворени воздушните, поморските и копнените граници, затворени на 20 декември.
Саудиска Арабија ги запре сите меѓународни летови на една седмица поради избивањето на новата варијанта на коронавирусот.
Велика Британија претходно во декември објави дека е забележано брзо ширење на новата варијанта на коронавирусот, поради што повеќе земји ги запреа патувањата во оваа земја, како и од неа.
Светската здравствена организација побарала претходно од земјите да ги удвојат своите здравствени мерки по ширењето на новата варијанта на коронавирусот.
Саудиските власти исто така тогаш им наредија на сите кои се вратија или поминаа низ европските земји во изминатите три месеци веднаш да се тестираат на Ковид-19.