Ömer Faruk Yıldız
04 Мај 2019•Ажурирај: 05 Мај 2019
СЕУЛ (АА) - Северна Кореја денес испали неколку ракети со краток дострел во Јапонското Море, соопшти јужнокорејската војска, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ракетите се испалени од градот Вонсан, на источниот брег, во правец на исток, денес околу 9:06 часот [2:06 часот по средноевропско време]“, се наведува во соопштението на јужнокорејската војска.
Воени претставници на Јужна Кореја подоцна изјавија дека ракетите летале од 70 до 200 километри.
Се наведува дека Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави (САД) ги анализираат деталите во врска со ракетите.
Ова е прво испалување на ракети по ноември 2017 година, кога Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета (ICBM).