Ali H. M.Abo Rezeg
11 Јуни 2017•Ажурирај: 12 Јуни 2017
МАРИБ (АА) - Од епидемијата на колера во Јемен, кон крајот на месец април загинаа најмалку 859 лица, се вели од Светската здравствена организација (СЗО), јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на СЗО во Јемен, на социјалната мрежа Твитер беше објавено дека од 27 април биле забележани над 116,700 сомнителни случаеви во 20 покраини ширум земјата.
Од агенцијата на ОН претходно предупредија дека двегодишниот конфликт во Јемен го уништил здравствениот сектор на земјата, со тоа што сега е тешко да се справат со епидемијата.
Сиромашната земја Јемен се наоѓа во граѓанска војна од 2014 година, кога бунтовниците Хути зазедоа поголем дел од земјата вклучувајќи го и главниот град Сана.
Во 2015 година, Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници лансираа голема воздушна кампања со цел враќање на воените добивки од Хусите.
Според официјални претставници на ОН, повеќе од 10.000 лица загинаа како последица на војната, додека повеќе од 11 отсто од популацијата на земјата се раселени како директен резултат на конфликтот.