Ekipa
30 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
ДАМАСК (АА) - Бројот на цивили што загинаа во нападите на силите на режимот на сирискиот претседател Башар Ал-Асад изведении вчера во Источна Гута, Дамаск, се зголеми на 11 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадникот на Цивилната заштита (Бели шлемови) во Источна Гута, Махмуд Етем, за АА изјави дека режимските сили извршиле напад врз местата Хумурије, Сабка и Кафра Батна во Источна Гута при што загинале 11 лица, вклучувајќи и еден активист.
Етем истакна дека двајца студенти се повредени за време на гранатирањето во Кафра Батна.
Припадникот на Сирискиот комитет за локална координација во Источна Гута, Јусуф ел-Бустани, истакна дека режимските сили се обиделе да навлезат во Ајн Терме и Џобар, но дека биле спречени од страна на опозицијата.
Тој додаде дека состојбат во Источна Гута, поради опсадата, е исклучително лоша.
„Режимот во ова подрачје гладта ја користи како оружје против цивилите. Режимот на ист начин претходно го расели населението од Јермук, Мадаја, Забаданије“, рече тој.
И покрај тоа што Источна Гута, на состанокот во Астана одржан на 3 и 4 мај, е прогласена за една од четирите зони без напади, повремено припадниците на режимот на Асад вршат бомбардирања.