Ekipa
30 Октомври 2017•Ажурирај: 30 Октомври 2017
АБУ ДАБИ (АА) - Иранската делегација одлучи да не присуствува на конференцијата за нуклеарна енергија на Обединетите нации (ОН) што се одржува денес во Обединетите Арапски Емирати, пренесува Anadolu Agency (AA).
Конференцијата се одржува во Абу Даби, а организаторите наведуваат дека Иран го откажал доаѓањето на своjата делегација на настанот.
Иранските власти сѐ уште не се огласиле во врска со тоа.
Јукија Амано, директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, кој во неделата престојуваше во посета на Техеран, не сакаше да зборува за Иран во своето излагање на конференцијата.
Обединетите Арапски Емирати и соседна Саудиска Арабија се недоверливи кон Иран и скептични се во однос на нуклеарниот договор којшто таа земја го потпиша со светските сили во 2015 година.