Hamdi Yıldız
05 Мај 2021•Ажурирај: 06 Мај 2021
КАИРО (АА) - Властите на Египет потврдија дека денеска и утре во Каиро се одржуваат разговори меѓу делегацијата на Египет и Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на Египет соопшти дека делегациите ќе ги предводи заменик-шефот на турската дипломатија и амбасадор Седат Онал и неговиот египетски колега Хамди Санад Лоза.
„Консултативните разговори ќе бидат фокусирани на неопходните чекори кои би можеле да доведат до нормализација на односите меѓу двете земји во контекст на билатералните и регионалните односи“, се наведува во соопштението.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, на 15 април најави дека е договорено новоотворениот канал за комуникација меѓу турските и египетските разузнавачки служби да се продолжи преку министерствата за надворешни работи.
Чавушоглу изјави дека Египет ја повикал турската страна во посета на Каиро на почетокот на мај.
Додаде дека е можно по тој состанок да се состане со египетскиот колега.
Турција и Египет неодамна најавија можно обновување на односите по повеќе од седум години.
Двете земји разменија позитивни сигнали за воспоставување контакти и дијалог, вклучувајќи ја можноста за одржување на разговорите за демаркација на нивните поморски граници во Источен Медитеран.