Ahmet Dursun
21 Јули 2018•Ажурирај: 21 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Во судирот кој се случи меѓу Иранската револуционерна гарда и непознати вооружени групи во западниот дел на Иран, својот живот го загубија 11 војници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот началник во иранската покраина Курдистан, Риза Мирзаи, во изјава за иранската државна Новинска агенција ИРНА, истакна дека во градот Мериван настанал судир меѓу безбедносните сили и вооружените групи.
Мирзаи информираше дека судирот започнал во околу 02:00 часот по локално време, а траеше околу два часа. Тој рече дека како резултат на нападот, загинале 11 војници на Револуционерната гарда, додека осум војници се повредени.
„Сè уште не е познат идентитетот на терористичката група. Ниту една група или организација не ја презеде одговорноста за нападот“, додаде тој.