Ali Cura
12 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
МОСКВА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за случувањата во Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Кремљ се наведува дека лидерите разговарале за спроведување на договорот кој меѓу Русија и Турција е постигнат на 5 март.
Кажано е дека за време на разговорите е изразено задоволство поради значајното намалување на тензиите во деескалациската зона во Идлиб.
Двајцата лидери укажаа на важноста за продолжување на соработката, првенствено преку министерствата за одбрана на двете земји, со цел постигнување значајна стабилност и одржување на примирјето.
Претседателите исто така донесоа одлука за континуирано продолжение на дијалогот на повисоки нивоа, вклучувајќи и билатерални средби.