Sarp Özer
26 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ПКК презема напори да го наруши Договорот од Синџар, да ја ослаби администрацијата на Регионалната курдска управа на северен Ирак (IKBY), напаѓајќи ги изворите на приход во регионот и се обидува да остане во Синџар правејќи јаз меѓу Багдад и Ербил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористичката организација ПКК, која е длабоко заглавена поради интензивните операции на Турските вооружени сили, доживува тешкотии и поради Договорот од Синџар меѓу ирачката Влада и ирачките Курди.
Според информациите добиени од безбедносни извори, Договорот од Синџар меѓу ирачката Влада и Ербил го трасира патот народот да се врати во своите домови и Синџар да се поврзе со Регионалната курдска управа на северен Ирак (IKBY).
Во рамките на договорот, се работи на планот за новиот начин на управување на Синџар, а исто така започнаа и активности за обезбедување мир во регионот. Сиве овие случувања го отворија патот народот на Синџар повторно да се врати во своите домови. Од друга страна, Договорот предизвика проблеми за присуството на терористичката организација ПКК во регионот.
Терористичката организација ПКК која е длабоко заглавена поради интензивните операции на Турските вооружени сили, презема напори да го наруши Договорот од Синџар, да ја ослаби администрацијата на Регионалната курдска управа на северен Ирак (IKBY), напаѓајќи ги изворите на приход во регионот и се обидува да остане во Синџар правејќи јаз меѓу Багдад и Ербил.
Безбедносни извори наведуваат дека терористичката организација неодамнешните напади ги извршила за да спречи луѓето да се вратат во своите домови и дека терористите имаат за цел да продолжат да бидат во регионот.
Поради интензивните операции на Турските вооружени сили и од воздух и од копно, утврдено е дека водачите на терористичката организација не можат да излезат од пештерите на Кандил.
Безбедносните извори наведуваат дека оваа ситуација јасно го открива стравот од смрт што го доживуваат таканаречените водачи на организацијата.