Muhammet Nazım Taşcı
12 Јули 2021•Ажурирај: 13 Јули 2021
ИСЛАМАБАД
Здружението на дипломци на Пакистан (PAMDER), невладина организација основана од турските студенти кои студираат во Пакистан, отвори 64 бунари за вода во градот Музафергарх, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-координаторот на Здружението, бизнисменот Талха Угурлу, за Агенција Анадолија (АА) истакна дека им овозможиле чиста вода на луѓето во регионот со бунарите што ги ископале во различни села на градот Музафергарх, со поддршка на донатори.
Невладината организација и претходно имаше ископано голем број бунари за вода во Музафергарх.

Во градот, кој има сува клима, највисоката температура измерена до сега е 54 степени Целзиусови, а најниската температура 1 степен под нулата.
Во Музафергарх, кој е еден од градовите со највисоки температури во Пакистан, во месеците мај, јуни и јули просечната температура е над 40 степени Целзиусови.